Ослободен киднапираниот син на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо


Синот на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман (Ел Чапо) – Хесус Гусман, кој во понеделникот беше грабнат во морското летувалиште Пуерто Валарта, во петокот вечерта бил ослободен, јави неговото семејство, а пренесоа француските медиуми.narko-bos-sin

Ослободени се уште пет други лица, киднапирани заедно со Хесус од барот на ресторанот во рамки на квартот од градот, изјави член на семејството,кој посакал да остане анонимен.

-Преговаравме цело време и сега тие се слободни и добри, објасни тој.

Мексиканските судски власти не сакаа да ја потврдат информацијата за ослободувањето и само соопштија дека истрагата продолжува.

Хесус Гусман (29), син на шефот на наркокартелот „Синалоа“ од неговиот прв брак, беше киднапиран од вооружени лица од соперничкиот картел „Халиско Нова генерација“, чие влијание во последните години расте. Киднапирањето ја исфрли на површина опасноста од војна меѓу двата наркокартела. Мексиканските власти испратија поддршка во неколку држави во реонот, за да го спречат ваквиот развој на настаните.

Ел Чапо се наоѓа во затвор во Сиудад Хуарес и очекува да биде екстрадиран во САД.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1