Францускиот суд во Коламру го одби барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај.
Тој ќе биде ослободен, а во Коламру во тек е седница, на која е донесена одлука по барањето на Србија за екстрадиција на Харадинај, по кого се трага за воени злосторства врз Србите во текот на 1998 и 1999 година, јави Танјуг.
Харадинај во судницата пристигнал десетина минути пред почетокот на седницата, каде го пречекале бројни приврзаници, а во преносот во живо на приштинските медиуми се гледа зајакнато полициско обезбедување.
Српското обвинителство го товари Харадинај за воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на ’90-те години од минатиот век.