ДУИ го поздравува изборот на Талат Џафери за претседател на собранието и го оценува како значаен чекор кон одблокирање на таа институција, изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршувањето на претседателството на партијата во Мала Речица.
Давајќи оценка за случувањата во собранието, Османи, во име на партијата, ги осуди насилствата и побара да се најдат и да се казнат одговорните.