Осми јануари убедливо еден од најстудените денови во изминатите 66 години


Осмиот јануарски ден од годинава со измерени минус 28 Целзиусови степени во Берово е еден од убедливо најстудените изминативе повеќе од шест децении, соопштија вчера од Управата за хидрометеоролошки работи за „Дневник“. Тој ден ниската температура беше за само 3,5 степени „потопла“ од рекордното студенило што било забележано на мерните инструменти на македонските метеоролози откако се мерат температурите на воздухот во земјата. Најниската температура во земјава исто така била забележана во Берово.ladno-temperatura

Рекордно најниските вредности на минимална температура на воздухот се измерени на 27 јануари 1954 година, во Берово, минус 31,5 Целзиусов степен, и во Битола, минус 30,4 °С, на 7 јануари 1993 година. За Скопје апсолутниот минимум на температурата е измерен на 13 јануари 1985 година и изнесува минус 25,6 степени (мерно место Петровец) и минус 21,0 °С (мерно место Зајчев Рид).

Утрото во неделата на 8 јануари годинава беше досега најстудено за оваа зима, со многу ниски минимални температури, кои се симнаа до -28 степени во Берово, -25 во Битола, -24 во Маврово, -21 во Скопје.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1