Останал без работа: Човекот кој ја откри ДНК-та ја продаде Нобеловата медалја


Поради извесна изјава која тој ја дал во 2007-мата година, Вотсон останал без работа, за минатата недела да признае дека банкротирал и дека се решил да ја продаде медалјата.

Американскиот генетичар Џејмс Вотсон туку што ја продаде Нобеловата медалја која тој ја доби во 1962-рата година и тоа на аукција за цели 4.75 милиони долари.

dnk nobelovec

Во 1953-тата година, Френсис Крик и Џејмс Вотсон опишаа молекул во форма на двоен хеликс, односно покажаа дека не само што молекулата на ДНК-та е двојно-синџиреста, но и дека двата ланци се замотуваат еден околу друг при што формираат спирала која ја содржи генетската градина на животот, односно упатствата за развој и правилно функционирање на сите живи организми.

Со својот текст, објавен на една страница во британскиот научен весник “Nature” двајцата млади научници, направија вистинска револуција во светот на биологијата и генетиката.

Во тоа време веќе се знаело за постоењето на ДНК-та како и за нејзината природа во наследувањето. Претходните истражувања ја утврдиле и нејзината хемиска природа: собир на нуклеотиди меѓусебно поврзани во други низи.

Крик и Вотсон први успеале да предложат конкретен тродимензионален модел на ДНК.Заедно со Морис Вилкинс, Крик и Вотсон во 1962-рата ја поделија Нобеловата награда за медицина.

Вотсон, кој сега има 86 години, бидејќи во 2007-мата година во едно интервју изјави дека претпоставува дека афроамериканците се помалку интелигентни од белците, тој останал без работа, за минатата недела да обелодени дека ја продава медалјата бидејќи останал без пари.

Аукциската куќа Кристис соопшти дека ова е воедно и прва продажба на Нобелова медалја за време на животот на самиот добитник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1