18-годишна девојка и нејзиниот 19-годишен партнер, ја искористиле можноста да пушат цигара на железничката станица додека возот стоел во Ле Ман.
Меѓутоа, младата мајка и момчето не успеале на време да се вратат во возот, па нивното 7-месечно бебе кое патувало со нив, останало во вагонот и само го продолжило патот, соопштила управата на Француските железници – “SNCF”.
Мајката на бебето и нејзиниот партнер го искористиле сопирањето на брзиот воз кој возел на линија Лил-Нант, за набрзина да пушат цигара на станицата. Меѓутоа, возот тргнал, а патниците во вагонот во кој парот го оставил бебето веднаш го активирале звучниот аларм.
Меѓутоа, поради безбедносни причини возот не можел да се врати, па било одлучено да го продолжи патувањето кон железничката станица во Анже, која од Ле Ман е оддалечена на 100 километри. Заборавениот пар се качил на следниот воз.
Улогата на бебиситер од Ле Ман до Анже ја преземал еден од контролорите, рекле од Француските железници и додале дека досега ваков случај немале во целата историја на претпријатието.
На станицата во Анже бебето ѝ било предадено на мајката, а 17-годишниот татко на детето, кој во станицата во Анже пристигнал со својата мајка бидејќи е малолетен, поднел жалба против парот поради загрозување на безбедноста и здравјето на бебето.