36-годишната Маријана Дрмиќ од Панчево останала без двете дојки бидејќи лекарите од општата болница во Панчево ја лекувале од погрешна дијагноза, пишува српски Блиц.
Наместо преку анализите да утврдат дека боледува од рак лекарите десет месеци маститис и тоа со помош на масти и антибиотици. Поради ова ја тужила болницата пред судот во Панчево, но го загубила спорот.
Треба да плати на болницата 45.000 денари.
Целата нејзина голгота околу дијагнозите започнала кога била во 6-от месец од бременоста во јуни 2007 година. Родила девојче кое поради деформитетот и големата болка на левата дојка едвај успевала да го дои детето.