Оставка поднесе и заменик министерот за здравство д-р Хасани


Заменик министерот за здравство Илир Хасани попладнево поднесе оставка по пожарот во ковид центарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Оставката, како што пишува во фејсбук статусот, ја поднесува од морални причини.

– Во овие тешки моменти за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам никаква врска со процедурите за модуларната болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е најмалиот чин што можам да го направам во овие моменти, за да ги почитувам жртвите, повредените, јавноста и најмногу јас. Нема ништо над достоинството, напиша Асани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1