„Вестите за назначувањето на Талат Џафери како нов Министер за одбрана беа примени со големо разочарување ширум македонските заедници во светот. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја изразува својата најдлабока загриженост за назначувањето на таканаречениот “командант Форина” за време на нападите на македонските воени и цивилни лица од страна на етничките Албанци во 2001 година“ стои во реакцијата за Обединетата македоснак дијаспора.
Еве го нивното соопштение:
“АРМ (Армија на Република Македонија) е институција посветена на заштитата на територијалниот интегритет на државата и на граѓаните на Република Македонија. Назначувањето на поранешен командант на УЧК како Министер за одбрана е неразбирливо за македонската дијаспора и преставува голема навреда за сите македонски граѓани без оглед на нивната етничка припадност”, изјави председавачот на управниот одбор на ОМД, Стојан Николов. “Врз основа на неговите минати дела, јасно е дека Џафери нема морален авторитет да управува со АРМ, кога самиот Џафери застана против институцијата во 2001 година.
Во 1999 година, Македонија прифати околу 400.000 етнички албански бегалци од Косово. Само две години подоцна, во 2001 година, терористичката Ослободителна војска на Косово се врати за да се “заблагодари” со напаѓање на Македонија. По промената на своето име во Ослободителната народна армија (ОНА) и со помош од страна на локални терористички ќелии и средства од трговија со органи и наркотици ја нападнаа територијата на Република Македонија.
250 лица ги загубија своите животи и над 1000 беа повредени. Понатаму, воените злосторства против воените и цивилните лица беа неказнети, а македонските православни цркви од 14ти век во Лешок и Матејче беа уништени. Крајниот резултат беше потпишувањето на Охридскиот рамковен договор кој продолжува да ја дестабилизира земјата и да ги наградува поранешните терористи со моќ и богатство.
Талат Џафери (или командантот Форина) е роден во областа на Гостивар во 1962 година. Школуван е во Белград, каде се приклучил на Југословенската народна армија, а по прогласувањето на независност на Македонија во 1991 година Џафери станал висок офицер на АРМ во касарната во Тетово. Кога конфликтот започна во 2001 година, Џафери ја напуштил АРМ и се приклучил на ОНА во таканаречената 116 бригада во планинскиот дел на Гостивар. По конфликтот, сите негови злосторства беа амнестирани со законот за амнестија. Тогаш тој стана пратенк од владеачкиот коалиционен партнер ДУИ, на чие чело е поранешниот лидер на терористичката ОНА-Али Ахмети.
Во својата пост-терористичка кариера Џафери се покажал како ултра-националистички политичар, и е озлогласен за барање на збор во Собранието, а потоа користејќи ги парламентарните правила кои овозможуваат неограничено време за говори, не зборувал ништо. Џафери ја користел оваа техника на опструкции за да го попречи предлог законот од страна на ВМРО-ДПМНЕ за финансиска помош на ветераните на АРМ од конфликтот во 2001 година, која исто беше поддржана од најголемата опозициска партија СДСМ.
ДУИ стои позади апсурдниот став дека поранешните терористи на ОНА се исто така “ветерани” од конфликтот во 2001 година. Според нив, оние кои ги убиваа припадниците на АРМ и цивилните лица исто така треба да добијат финансиски бенефиции. Понатаму, ДУИ предложи 5.000 измени и дополнувања на законот за бранители, што според пресметките на медиумите би биле потребни цели 42 години за дебата во рамките на тековните парламентарни правила“ стои во соопштението на Обединетата македонска дијаспора.