Осуден во Данска: Македонец шверцувал стероиди вредни над 5,5 милиони евра


Македонскиот државјанин Б.З. (26) е осуден на три години затвор и е протеран од Данска поради учество во најголемиот допинг-скандал во скандинавската земја. Нашинецот им помагал на двајцата Данци, кои преку посебни интернет-страници, на т.н. даркнет продале стероиди вредни над 5,5 милиони евра.

Шверцерите биле откриени во март лани, а истрагата во која осомничените биле и прислушувани почнала во септември 2014 година.steroidi-520x693

Судот во Kопенхаген минатиот месец ги осуди Ерик Форсберг Овенсен (41) и Лиам Бранли Ралф на по шест години затвор, а секој од нив ќе мора да плати и по 600.000 круни, односно над 80.000 евра казна.

Македонскиот државјанин е осуден на три години затвор и е протеран од Данска на две години, откако ќе ја издржи затворската казна, пишува Дневник.

Двајцата Данци, од кои Овенсен работел како агент за недвижности, го организирале шверцот на стероиди вреден повеќе милиони круни. Тие ги произведувале стероидите за фирмата „Дајмонд фарма“ и ги продавале преку интернет.

Случајот е најголем од ваков вид во Данска, а шест години затвор е апсолутен максимум во рамките на допинг-случаите. Стероидите биле произведувани во куќата на мајката на Овенсон во местото Фредериксверк. При апсењето на Данците полицијата во седум објекти во Kопенхаген открила околу еден тон стероиди во капсули, ампули и прашок, вредни неколку милиони круни, како и машини за производство. Се претпоставува дека осомничените продале неколку стотици илјади допинг-препарати. Овенсон ја почнал шверцерската кариера со продажба на 100 апмули стероиди, кои им ги продавал директно на бодибилдери и други спортисти. Бидејќи побарувачката се зголемила, се зголемило и производството на стероиди. Не е познато каква била улогата на македонскиот државјанин, кој бил уапсен по приведувањето на двајцата Данци. Обвинителството поради уникатноста на случајот побарало казна од седум или осум години затвор за организаторите на шверцот. – Јас сум задоволен од пресудата. Зад оваа пресуда, односно зад целиот случај, стои навистина добра работа на полицијата, а тоа резултира со пресуда со која судот во многу голема мера ги поддржа ставовите на обвинителството. Донесена е пресуда што оди подалеку од претходните за вакви случаи, иако баравме повисока, таа е во рамките на максимумот – изјавил обвинителот Андреас Kристенсен. За разлика од Овенсен, Бранли одбил да ја обжали пресудата со образложение дека сака што побрзо да продолжи со својот живот. Данската полиција во случајот соработувала со федералната полиција на САД и со ФБИ, а користела и специјални истражни мерки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1