Осуден зошто го навредил кралот кој е починат пред 4 века


На славниот интелектуалец Сулак Сирвакса, кој сега има 82 години, ќе му се суди поради навреда на тајландски крал кој починал пред 400 години
Сирвакса е многу познат историчар, кој се образувал во Велика Британија, а ќе биде обвинет поради тоа што на еден семинар на историчари сијамскиот (тајландски) крал Наресуан, кој починал во 1.605 година, го нарекол злосторник.18102014175002_Sulak Sirvaksa
Познатиот историчар го пријавиле двајца пензионирани тајландски офицери, кои биле учесници на семинарот за корените на будизмот. Доколку биде прогласен за виновен, што е многу веројатно, бидејки судовите во Тајланд до сега не ослободиле ниту еден обвинет за навреди на монархијата, Сирвакса може да добие казна до 15 години затвор.
Тајланд од 22 мај годинава е под воена управа, која воведе цензура во медиумите и ја ограничи слободата на изразување. Покрај оние што би го навредиле кралот, судени и затворени ќе бидат и оние што јавно ќе ги критикуваат сегашните власти.
Враќањето на медиумските и граѓанските слободи во Тајланд е најавено за 2016 година, кога треба да се донесе нов Устав на државата и да се организираат нови општи избори.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1