Една девојка од Танзанија е спасена од бетонски бункер во кој била заробена осум месеци каде што по совет на гатач ја затворило нејзиното момче.
Како што пренесуваат медиумите, девојката имала околу 20 години. Во мрачниот и страшен затвор била потполно гола, а храна добивала двапати неделно. Вистинско чудо е како преживеала.
Полицијата ја открила откако соседите се посомневале дека нешто чудно се случува. Причината поради која била затворена биле зборовите на еден видовит човек. Тој на нејзиното момче му рекол дека ќе се збогати ако ја зароби личноста која најмногу ја сакал. Тој уште го советувал да ја храна со бизарни состојки за да доживее духовно прочистување.