Убиството на пејачката на „Гранд“ Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33), која е пронајдена мртва на насипот Црвенка во Борча пред 8 месеци, се уште не е разјаснето, ниту полицијата го има уапсено злосторникот.
Зоран Марјановиќ, сопругот на убиената пејачка вчера одбележа 8 месеци од убиството на сопругата со одење во црква и палење на свеќи на гробиштата Збег во Борча.
-Секое утро се будам со надеж дека ќе го дознаам името и презимето на монструмот кој ми ја уби жената…Има многу кои ја оспоруваат работата на инспекторите на овој случај, но јас искрено им верувам. Знам колку вложија во себе. Верувам дека имаат нешто, како што рече и премиерот Александар Вучиќ, но им требаат уште материјални докази. Искрено, подобро тоа да го направат како што треба, да на се случи утре на суд убиецот брзо да се извлече, вели Марјановиќ.