Еден осумгодишник по име Еван ги минува своите денови играјќи си како и сите други деца во светот, но истовремено заработува околу 100.000 долари месечно
Еван и неговите родители се сопственици на Јутјуб-каналот „EvanTubeHD“, на кој момчето редовно прави рецензии на играчките. Идејата почнала како шега, ама за кратко време Еван станал многу популарен.
Повеќето пари ги носат рекламите што се ставени на снимката, а видеата имаат околу 50 милиони прегледи.
Иако веќе е богат, Еван е само обично момче што си игра со играчките. Неговите родители намерно не го кажуваат неговото презиме за да може неговиот живот и понатаму да тече нормално.