Во Ургентниот центар во Скопје ноќеска било донесено и мртво осумгодишно дете, кај кое лекарите само констатирале смрт. Не се знае точно од каде е детето, но се претпоставува дека е од реонот на Стајковци.
Екипи на Брзата помош, МВР и АРМ, како и екипи на центарот за управување со кризи се на терен и работат на расчистување на пустошот што го остави невремето.
Според официјалните информации од МВР досега се пријавени и шест исчезнати лица, по кои се трага.