Освета на очајна мајка: Зема пушка и уби 25 Талибанци – освета за убиениот син


Како освета за смртта на својот син храбрата мајка Реза Гул зема пушка во рацете и тргна во борба против Талибанците.

Авганистанката Реза Гул, чии син е убиен од заседа додека бил на контролен пункт заедно со полицајци одлучи да се пресмета со талибанските екстремисти одговорни за смртта на нејзиниот 27 годишен син.

zena terorist islam

Храбрата мајка тргна во напад против екстремистите, за пет часа таа уби 25 ,а рани 5 Талибанци. Во нападот против екстремистите и се приклучија уште и  ќерката  и снаата.

-Бев толку бесна и лута  и неможев никако да се смирам. Ја зедов пушката и отидов до контролниот пункт и почнав да пукам. Фрлав и гранати , раскажа очајната мајка.

Инаку домот на Гул е уништен од Талибанците.

-Загубивме се, се е запалено, но ние сепак успеавме да се одбраниме , истакна храбрата мајка.

По овој херојски чин на Реза, семејството Гул доби нова куќа , а Министерството за одбрана  ја прогласи за симбол на востанието против талибанците, пишува „ NYDailyNews“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1