Десеттина маскирани мажи ги тепаат мигрантите кои се наоѓаат на железничката станица во Стокхолм.
Локалните медиуми пишуваат дека ваквите напади следат како одмазда за убиството на 22-годишната Александра Метцер, која беше убиена од страна на малолентен мигрант.
Пред да се случат серијата напади, низ Стокхолм се делеле летоци со ксенфобична содржина.
-Одбиваме да прифатиме уништување на нашето општество кое пред да дојдат беше сигурно. Ако нашите политичари и полицијата покажуваат поголема емпатија кон убијците отколку кон нас-жртвите, тогаш тоа не може да помине без протест. Кога веќе улиците во Шведска не се безбедни за по нив да се движат Швеѓаните, тогаш наша должност е да го решиме тој проблем, пишувало на летоците.