Отчет на Груевски: Оваа влада за 100 дена реализираше голем дел од ветеното


116 целосно реализирани и уште 554 проекти кои се во тек и активно се спроведуваат. Премиерот Груевски даде отчет пред граѓаните на Република Македонија за сработеното по повод 100 дена од формирањето на владата. Проекти од образованието, здравството, културата, локалната самоуправа, како и економските реформи, го наполнија Отчетот кој е резултат на макотрпната работа и жестокото темпо на реализација потенцираше претседателот на владата Никола Груевски.

1gruevski500

Напредокот во економијата даде резултати со што Македонија постигна највисок економски раст во Европа во првите шест месеци од годинава. Во 2014-та и бројот на странски инвестиции во Македонија споредено со минатата година е во пораст за 12 отсто. Груевски во својот отчет како една од најсилните и најуспешните политики на владата ја посочи политика на привлекување на странски инвестиции.

Според Груевски и понатаму продолжува интензивната работа на изградба на нови и реконструирање на постоечките автопатски делници во државата. Подобрувањето на состојбата и животот на граѓаните на Македонија според премиерот се отсликува и во проектите за силна поддршка на земјоделието, исплатата на субвенциите, како и отписот на долговите на лицата од социјално загрозените категории.

Стратешка определба на Македонија и во иднина остануваат евроинтеграциите и влез во Европската унија и НАТО, потенцираше Груевски. На внатрешен план, тој во својот говор истакна дека ќе ги вложи сите напори да почне дијалогот со опозицијата, но нема да дозволи вољата на граѓанте да биде уценувана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1