Скопскиот ерген Мартин 99 ја пронајде жената на неговиот живот и реши да не ја пропушти.
Мартин Трпчевски, познат како Мартин 99, си ја пронајде жената на својот живот. Ја однесе на прошетка во Белград и таму клекна на колена. „Моника кажи да“- напиша Мартин.
-Да срце ДА! Засекогаш твоја… Те сакам бескрајно, одговори Моника која веднаш го прифати преубавиот веренички прстен.