Огромна количина на виски од дестилеријата на компанијата Чивас истекле во канализацијата поради несреќен случај.
Се споменува дека истекле дури 18.000 литри од овој пијалол. Инцидентот се случил во вторникот во дестилеријата во Дамбартон во Шкотска, јави АП.
Портпаролот на компанијата Џенифер Стивенсон демантирала дека се 18.000 литри но кога била запрашана колку истекло одговорила само кусо – малку помалку од тоа.