Трагедија во болница во Хрватска. 62 годишен пациент почина за време на хемодијализа, бидејќи примил погрешно средство. Наместо физиолошки раствор, на пациентот во болницата во Чаковец му било инјектирано дезинфициенс. (средство за дезинфекција).
Болницата првин објави дека е инјектирана погрешна супстанција, а подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот му бил даден интравенски наместо локално.
Запрашан како е можно да се случила таква грешка, д-р Тошиќ-Грлач вели дека дезинфициенсот во болниците е вообичаено средство, кое се наоѓа на количките на медицинските сестри.
„Грешката е можна и, за жал, се случи“, рече таа, пренесува порталот „Индекс“.
Таа додаде дека професионално ќе се спроведе интерен надзор и дека се земени изјавите на учесниците во инцидентот.
„Денес, полицијата и Државното обвинителство беа во болницата и ги интересира што се случи и чија е вината. Тие зедоа и документација“, вели Тошиќ-Грлач.
Телото на 62-годишникот е пренесено на Институтот за судска медицина и криминологија во Загреб, каде што треба да се утврди од што точно починал.