Рон Мораис од Канада најверојатно никогаш повеќе нема да порача кафе од McDonald’s откако на дното од неговата хартиена чашка напол мртво глувче.
Пред да оди на работа, поминал од локалниот McDonald’s за да си купи кафе за носење, среќен што ресторанот ја променил локацијата и новата повеќе му одговара. Но неговата среќа не траела долго.
“Секогаш го вадам капакот од чашата кога ја пијам последната голтка. Имав што да видам. Внатре лежеше мртов глушец. И тоа не беше се’. Околу него лебдеа и неколку “подароци””, изјавил.
“Ние не најдовме траги од штетникот во ресторанот”, менаџерот на McDonalds Џејсон Патуано се огласил истакнувајќи дека синџирот ресторани за брза храна “посветува големо внимание на хигиената на храната”.
“Исклучително сериозно го сфативме ова обвинение и веднаш е покрената истрага. Соработуваме и со здраствената инспекција”, пишува во соопштението.
Здраствената инспекција објавила во вторникот дека “не нашле докази од штетникот во просториите на McDonald’s и дека целата храна била спакувана”. Тие не издале ниту предупредување до ресторанот.
Рон вели дека само сака да знае како се нашол тој глушец во неговото кафе.
“За сега немам никакви здраствени последици. Во секој случај, во подобра состојба сум отколку глушецот”, изјавил Рон за канадскиот CBC, пренесува Точка.ком.мк