Откако сите почнаа да им откажуваат учество – Евровизија ги менува правилата за гласање


Организаторите на натпреварот за песна на Евровизија објавија дека правилата за натпреварот ќе бидат изменети, почнувајќи од следното издание на тој музички напревар што ќе се одржи во 2014 година во Копехаген, пренесува МИА

Evrovizija2013За првпат имињата на членовите на националните жири-комисии ќе бидат познати пред натпреварот, а веднаш по финалето ќе биде објавено како гласал секој член на жирито поединечно, јави Би-Би-Си.

Измените следуваат откако се појавија гласини за наводно купување гласови за азербејџанскиот кандидат оваа година. Минатата недела Хрватска објави дека нема да учествува следната година заради финансиски причини. Тоа е шеста држава која потврдува дека нема да учествува во Копенхаген во 2014 година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1