По вчерашните случувања во зградата на Собранието на Република Македонија причинета е материјална штета и дел од работните простории, прес-центарот, како и сала „Македонија“ се надвор од употреба.
Согласно законската регулатива надлежните институции преземаат чекори за ставање во функција на истите и утврдување на штетата. Се прават напори за враќање во првобитната состојба во најкус рок, со што ќе се создадат услови за работа на Собранието.
Со оглед на тоа, денешното продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија закажано за во 11 часот нема да се одржи, а за продолжението ќе има дополнително соопштение.