Откажани сите аранжмани за Египет


Македoнските туристички агенции дефинитивно креваат раце од Египет. Иако македонските граѓани до пред една недела се сончаа на египетските плажи, нашите агенциите одлучија повеќе да не испраќаат туристи во таа земја и покрај тоа што уплатиле аранжмани, пишува Дневник.

egipetТуристичките агенции сега немаат испратено македонски туристи во Египет. Од агенцијата „Аурора“ објаснуваат дека последната тура се вратила пред една недела, а следната требало да замине за два дена. Но, патувањето е откажано.

И покрај влошената безбедносна состојба во северноафриканската земја, која уште пролетоска западна во проблеми, интересот кај граѓаните за летување во Хургада или Шарм ел-Шеик не опаднал. Заинтересирани имало дури и кога безбедносната ситуација ескалирала.

Дел туристички агенции ги откажаа патувањата за Египет уште во самиот почеток, кога почна да се засилува кризата во земјата.

– Аранжманите ги откажавме пред околу еден и пол месец, кога добивме известување од српските оператори дека ги откажуваат чартер-летовите до египетските одморалишта бидејќи не може да им гарантираат безбедност на патниците – велат во туристичката агенција „Далас унион“.

Според процените на туристичките работници, до крајот на сезоната во Египет требаше да летуваат околу 6.200 туристи од регионот, меѓу кои околу 1.000 Македонци. Голем дел од аранжманите за познатите одморалишта на Синајскиот Полуостров, Хургада и Шарм ел-Шеик беа продадени, но несудените патници ќе си ги добијат парите назад.

Протестите и немирите во Египет вчера ескалираа, при што до вчера попладне имаше над 500 загинати, од кои поголемиот дел цивили, и повеќе од 3.700 ранети. Македонското министерство за надворешни работи (МНР) засега не излегло со официјална препорака за нашите граѓани да не патуваат таму. Од нашето Министерство велат дека од нивните досегашни сознанија, во Египет нема Македонци, кои се таму на одмор или на подолг престој.

Dnevnik

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1