Откажани сите манифестации во Универзална – Прокиснал кровот


Универзалната сала во Скопје се затвора на неодредено време. Се откажуваат сите концерти кои требаше да се одржат во претстојниот период. Од Конгресниот центар „Александар Македонски“, како што е новото име на стариот објект, информираат дека причина за затворањето е оштетување на внатрешниот дел од покривната конструкција, до кое дошло како последица на обилните дождови во последните неколку месеци. Во салата може да се види дека дел од покривната конструкција е паднат врз седиштата.univerzalna

– Повикани се надлежните институции за да се констатира моменталната состојба и да се најде соодветно решение. Од тие причини, приморани сме сите закажани манифестации да ги откажеме се` додека не се создадат услови за понатамошна работа, се вели во соопштението на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски“.

До крајот на март во салата требаше да се одржат концерти на српскиот бенд Рибља Чорба, македонските музичари Влатко Стефановски и Васко Атанасовски, пејачот Момо Николовски, како и детскиот фестивал Поточиња.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1