Откази на Токсикологија за 18 вработени од екс директорката – нема веќе „каубојски вработувања“ вели Чибишев


Новиот директор на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев денеска на прес-конференција посочи дека 18-те лица кои беа ангажирани на Клиниката од страна на екс директорката, а за кои имаше реакции во јавноста, од денеска веќе не се на работа.

За нив, како што посочи, немало согласност од Министерството за финансии туку само документ во кој Министерството се прогласува за ненадлежно, а од Државната комисија за спречување на корупција и ДСЗИ било оспорено вработувањето поради избори и непотпишување од страна на двајцата директори. Чибишев соопшти дека 650 илјади денари била штетата од тоа што работеле без согласност.

Новиот директор на Клиниката посочи дека најголем проблем на Клиниката е недостигот на кадар и најавува интензивни напори да се надмине проблемот.

Има недостиг од секаков кадар и  веднаш се потребни околу 15-тина лица, пред се млади кадри бидејќи просечната старост на вработените на Клиниката е над 50 години.

„Се договара агендата како да се надмине проблемот прво за летото, а потоа и за подолгорочно, побрзо да добиеме согласности, рече Чибишев нагласувајќи дека нема повеќе да има, како што рече, каубојски вработувања.“

Најави вработување според конкурси и закони. – Нема да има реваншизам, прогон на неистомисленици, рече Чибишев, најавувајќи подобрување на условите за пациентите и за персоналот и подобра комуникација со медиумите.

Директорот на Клиниката за токсикологија во Скопје рече дека во минатото исто така биле запоставени протоколите за зависници од опојни дроги и алкохол и најави нови протоколи и методи за детоксикација, надградба и развој на токсиколошки информативен центар.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1