Рускиот историчар Анатоли Москвин (46) го шокирал светот кога во јавноста се појави неговата снимка на која се прикажани 29 трупови на девојчиња, облечени во бизарни костими.
Тој обиколил повеќе од 700 гроба и откопувал детски трупови. Мртвите девојчиња ги обелeкувал во костими за да им го прослави роденденот. Овој болен историчар ископал околу 150 гробни места. Москвин ги откопувал телата на децата, кои претежно биле на возраст од 3 до 12 години за да ги исполни своите болни фантазии.
Од девојчињата правел мумии, им облекувал фустани, чорапи и друга гардероба и на труповите им организирал роденденски прослави . Покрај тоа имал список на имиња со кои ги нарекувал своите мумии.
Москвин кој зборува на 13 јазици, многумина го сметале за гениј. Полицијата во својот извештај навела дека Москвин собирал податоци за жртвите кои ги ископувал и дека во неговиот компјутер било пронајдено упатство кое објаснува како од човек може да се направи мумија. Овој човек кој живее во централна Русија е уапсен во 2011 година, но нема да му се суди за бизарното злосторство, бидејќи е наведено дека не е психички способен за судење.