Откриен начин – Хирург ја менува бојата на очите по желба


Хирург од Њујорк открил нова техника со чија што помош леќите за очи ќе станат минато. Докторот открил како може да се промени бојата на очите. Се работи за процедура наречена “имплантација на ирис”, а значи вградување на тенок силиконски имплант во окото со чија што помош се менува неговата боја.

okoХирургот Кенет Росентал тврди дека оваа операција во голем број од случаите може да го врати и оштетениот вид кај пациентите. Пример во 2011 со оваа процедура е лечено 17 годишно момче Натанијел Шол кој е роден делумно слеп – а по операцијата добил речиси совршен вид.

Процедурата опфаќа правење на 2.8 милиметарски рез на рожницата на окото и вградување на имплант во неа, со што се менува бојата.

Докторот тврди и дека силиконот може многу лесно да се извади доколку телото не може да го прифати и создава проблем. Производителот сепак вели дека овој имплант не ја лекува диоптријата – оние кои носеле очила пред операцијата ќе мора да носат и потоа.

Внимание на видеото се гледа операцијата на око кое за многумина нема да биде пријатна за гледање

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1