Откриен најголемиот даночен скандал во ЕУ – лажен поврат на данок


Во Европскиот Парламент во Сразбур е одржана расправа , поради скандалот со кој е утврдено дека 11 земји членки на ЕУ изгубиле најмалку 55 милијарди евра.

Во Стразбур е побарано да се преземат итни мерки за да се запре оваа измамничка појава. Германија се обиде на два пати со измени во законодавството во 2012 , а потоа и во 2016 да ја спречи оваа имамам , која е наречена ,,Cum-ex”. Во последната истрага , спроведена од тим германски новинари било утврдено дека појавата за лажен поврат на данок и натаму функционира. Според нивните податоци , кои денеска на седницата беа претставени , а се резултат на истрагата на групата Коректив, од 2001 до 2016 германските даночни обврзници изгубиле 31,9 милијарди евра, во Франција 17 милијарди и во Данска 4,5 милијарди евра. Другите земји претрпеле помали загуби.

Уредникот на Коректив , новинарот Оливер Шром и новинарот на АРД , Кристијан Салевски , отпатувале во Лондон , каде утврдиле дека повратот на лажен данок и натаму функционира.

Tака , тие си позајмиле акции на големи корпорации , создавајќи привид за даночните власти дека станува збор за двајца сопственици на акции ,а всушност е еден. Банката што го врши фиктивното тргување би издала потврда на инвеститорот дека данокот на исплата на дивидендата е уплатен во даночната канцеларија , иако тоа не се случило. Со оваа потврда инвеститорите од државата наплатувале поврат на данок , кој никогаш не бил уплатен.

Европските левичарски партии покренаа иницијатива за да се истражи овој случај во кој се замешани министерствата за финансии , банките и лажните сопственици на акции .

,,Cum-ex е убедливо најголемиот европски даночен скандал. А на европските скандали мораме да одговориме со европска акција.” , рече во расправата пратеникот од грчата Сириза , Димитриос Пападимулис.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1