Откриен нов вид животно – од родот на кучињата и мечките (Фото)


Научниците од Смитсонијан објавиле дека откриле сосема нов вид на цицач наречен олингито (Olinguito). Новиот вид припаѓа на групата големи животни како што се кучињата, мачките и мечките.

Olinguito-nova vrstaЖивотното со големина на ракун живее на дрвјата во планинските шуми во Еквадор и Колумбија.

Ова е прво вакво откритие по 35 години велат научниците. Иако сличен примерок живее во зоолошката градина во Вашингтон и мислеле дека се работи за ист вид – увиделе дека не е така кога дошло време за парење.

Малото суштетство во зоолошката градина, наречено Рингерл, било помешано со сестринскиот вид – олинго, што е прилично чудно бидејќи двата вида прилично се разликуваат.

Кога стигнало за парење, животните не сакале да се видат што било чудно.

Naucnik Kristof Helgne„Очигледно дека Рингерл не е пребирлив туку станува збор за сосема погрешен вид. Ова докажува дека светот не е сосема истражен“, изјавил Кристоф Хелгне од Смисонијан.

Научниците утврдиле дека не станува збор само за давање на ново име на нешто старо, туку дека станува збор за сосема нов вид и дека ова е најважното откритие во двата американски континенти во последните 35 години. Иако има заби со кои може да јаде месо, се храни претежно со овошје. Долг е околу 75 сантиметри и тежок околу 1 килограм, мажјаците и женките се со иста големина. Во бременоста носи само еден плод. Активен е ноќе кога скока по дрвјата барајќи храна.

nov vid zivotno olignito

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1