Во близина на Чиле и во слатководното езеро близу Мелбурн се откриени два потполно нови вируси кои од страна на научниците се наречени Пандора вируси. Според научниците овие вируси се нешто сосема поразлично, нешто што до сега не е сретнато на нашата планета.
– Ова е најголемиот вирус кој до сега е откриен, велат научниците.
Тие додаваат дека вирусите се долги 1 микро метар, двојно поголеми од мега вирусите, бидејќи големина од 440 нано метри до сега се сметаше за максимална големина која може да ја достигне еден вирус.
Научниците сметаат дека вирусот нема да предизвика епидемии и пандемии, меѓутоа се збунети за тоа од каде потекнува овој вирус. Тие велат дека вакво нешто до сега не е забележано на земјата и се убедени дека вирусот дошол од друга планета.
Се уште се работи на проучувањето на составот и однесувањето на Пандора вирусите.