Откриена древна порта кон пеколот – тврдат археолози (Фото)


af717247b4ea5ac6609637927b556f80_vice_630x420

Страшните хорот филмови не научија многу во текот на годините. Ако слушнете чудна бучава во шумата, не одете да истражувате на своја рака. Особено ако има жешка девојка во долен веш, немојте во никој случај да имате секс со неа ако сте тинејџер.

Немојте да копате околу древни индијански горбишта и обидете се барем да не бидете црнец, затоа што во тој случај сигурно ќе бидете меѓу првите кои што ќе го напуштат овој свет.

Исто така ако најдете порта на пеколот не ја отварајте.

Сепак ваквата правила воопшто не се испочитувани од страна на италијански археолози кои што работат на терен во античкиот фригиски град Ерапол во денешна Турција, каде што откриле Портата на Подземјето.

porta pekolporta pekol3

porta pekol2Портата позната по античкото грчко римско име „Порта на Плутон“, или „Plutonion“ е добро познато место на аџилак. Истиот се појавува во извештаите на делата на Цицерон и грчкиот географ Страбус.

Благодарение на ваквите историски запсиси, археолозите ја откриле точната локација среде античките урнатини во Ерапол.

Ископувањата започнале во 1957 година. Plutonion е навистина природен феномен, отвор во Земјината кора, еден вид на пештера, од која излегувале отровни „mephitic“ гасови.

Според приказните кои што останале запаметени со текот на времето, во античкиот период биле жртвувани животни за Плутон, во најголем случај бикови, кои биле донесувани до самата порта, каде што се угушувале од гасовите.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1