Во Скопје, во близина на населба Припор, кaj кружниот тек пред населбата Цементара, при ископ и проширување на локален пат, пронајдена е авионска бомба од голем калибар, извести Дирекцијата за заштита и спасување.
Првичните процени се дека е со тежина од околу 125 килограми.
Согласно стандарните оперативни процедури, Дирекцијата за заштита и спасување, со свои стручни обучени лица, ги превзема сите превентивни и оперативни безбедносни мерки.
Облележан е и заштитен просторот околу проектилот, известени се сите околни субјекти за да го напуштат теренот, а воедно и МВР го обезбедува просторот.