Откриена е нова планета – има розева боја


Астрономите од Американската вселенска агенција (НАСА) отркија нова планета , со изразито розова боја. Според „Нешенл пост“ , новооткриената планета ГЈ 504 б е голема колку планетата  Јупитер, но има четири пати поголема маса.

planeta rozeСтанува збор за досега најлесната екстрасоларна планета , која астронаутите ја открија со директно снимање на далечниата вселена.
За нејзниото откривање најголема заслуга има меѓународниот тим на астронаути и телескопот Субару, сместен на Хаваите.

Розовата планета е оддалечена 57 светлосни години од земјата (околу 57 000 милијарди километри) .

Кога би можеле да отпатуваме до оваа џиновска планета би виделе запален  свет во боја на цвет од темна цреша, изјави МајклМекејвелн , член на НАСА  тимот кој ја откри планетата.

Боја планетата е резултат на топлина која  зрачи од неа. Температура на површината на планетата достигнува над 230 степени Целзиусови, иако растојанието помеѓу неа и нејзините ѕвезда околу 44 пати поголема отколку она меѓу Земјата и Сонцето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1