Кинеските археолози ја пронашле гробницата на политичарка од седмиот век за која се смета дека е една од најмоќните жени во кинеската историја.
Шангуан Ванер која живеела меѓу 664 и 710 година за време на владеењето на династијата Танг била советничка на првата кинеска царица Ву Зетиан и втора сопруга на нејзиниот син, но тоа не ја спречило да има афера со љубовникот на царицата. Живеела во периодот на бурното владеење на династијата Танг исполнет со државни удари, убиства и љубовни афери.
Сопругот на Шангуан Ванер, принцот Ли Шан, накратко постанал и цар, но го убила неговата прва сопруга која потоа седнала на престолот. Но, ни нејзиното владеење не траело долго бидејќи неа, и советничката Шангуан Ванер ги убил Ли Лонгжи, кој потоа владеел со Кина цели 43 години под името Танг Шуанзонг.
Гробницата на Шангуан Ванер е откриена во близина на аеродромот Сјианјанг, на северот на покраината Шанџи, а дека станува збор за нејзините посмртни останки потврдува епитаф, пренело кинеското радио, додавајќи дека гробницата е во лоша состојба што дава знак дека таа предходно била отворена и ограбена бидејќи во неа не е пронајден ниту еден златен или сребрен предмет.
Животот на Шангуан Ванер бил претстваен со серија на кинеската телевизија на крајот на 1990-тите, а фаталната политичарка била позната и како писателка.