Откриена масовна гробница на 78 жени, стрелани од “Исламска држава”


Грозно откритие крај северниот ирачки град Синџар на курдските воени сили. Тие наидоа на масовна гробница со телата на 78 млади девојки кои биле застрелани и потоа закопани од војници на “Исламска држава”, соопшти Дејли Меил.In a rather shocking revelation, it has been found that Islamic State militants have been selling Yazidi and Christian girls as young as one to nine years of age for a price of $172 in Iraq. Activists working 'secretly' out of Iraq have leaked a 'price list' of the ISIS slave markets, from where men can buy Yazidi and Christian women as 'sex slaves.'  According to a report published by Iraqi News, ISIS has imposed these 'price controls' over the sale of women and spoils of war, including cattle as the market lately has experienced a down-turn.

Ликвидацијата датира од пред една година, кога терористите го зазедоа градот, но дури сега е отворена од официјалните власти. Првиот гроб е со телата на 78-те жени. Тој е откриен западно од центарот на градот, во близина на Техничкиот институт, вели Касим Самир, шеф на полицијата во Синџар. Следниот гроб во кој има 60 тела – на мажи, жени и деца, е пронајден на 15 километри западно од градот.

Нема многу информации за втората масовна гробница, бидејќи целата зона околу него е минирана и пристапот до телата е особено ризичен. “Масовните гробници не се изненадување, тоа е очекуван начин на однесување од страна на ИД со оние кои не им се покоруваат” , вели полицаец од Синџар, кој побарал анонимност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1