Откриена средновековна некропола кај Струмица


Некропола стара шест века е пронајдена во непосредна близина на средновековната црква на која работеше струмичкиот музеј изминатава година.strumica_7-670x380

Локалитетот кој се наоѓа во близина на Ловен дом, откри голема црква која била градена со солиден градежен материјал и има интересна архитектура, и заедно повеќеслојната некропола даваат многу одговори за животот под Царевите кули во средновековието, велат археолозите.

Материјалните докази кои се пронајдени на самото наоѓалиште, зборуваат дека средновековна Струмица била развиен град, еден од најзначајните во тој период на овие простори.

Археолозите сеуште немаат одговори на кого била посветена убавата средновековна црква. Од тоа време се споменуваат црквите Свети Константин и Елена и Свети Стефан, не е познато каде точно биле лоцирани, и дали токму оваа е една од нив.

Телма

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1