Откриена тајната чиј е гробот покрај убиецот на Кенеди


Откриена е тајната на гробот кој се наоѓа покрај оној на Ли Харви Освалд, атентаторот на американскиот претседател Џон Фитцџералд Кенеди, пишува The New York Times во врска со надгробната плоча на којашто стои само името Ник Биф, а која поттикнуваше разни теории за заговор за убиството на американскиот претседател.

Како што пишуваше весникот, Ник Биф сѐ уште е жив и живее во Њујорк, писател е а претходно се викал Патрик Абдејн.

oswald_grobБиф се решил да излезе во јавноста на 50-годишнината од убиството на американскиот претседател којашто ќе биде одбележана годинава, откако со години неговиот гроб поттикнуваше разни теории меѓи оние коишто веруваат во премолчувањето на заговорот за убиството на Кенеди. Биф признал дека неговиот гроб го купил во 1975 година, за 175 долари и дека надгробната плоча се одлучил да ја стави во 1996 година, потрошувајќи 987,19 долари.

Кога на 21-ви ноември 1963 година претседателот Кенеди и неговата сопруга Жаклин пристигнале во Тексак, Биф имал само шест години и од рамената н еден војник ја гледал со одушевување претседателската двојка која минала близу него.

Ден потоа Кенеди е убиен во Далас. По убиството на претседателот, Биф со мајка му повремено доаѓале на гробот на Освлад. „Мајка ми му зборуваше никогаш немој да заборавиш дека си го видел Кенеди ден пред да умре”, вели Биф и објаснил дека кога имал 18 години видел оглас за продажба на гробот крај оној на Освалд.

„Повеќепати се прашував зошто го направив тоа. Единствен одговор кој успеав да о пронајдам е дека тоа нешто ми значи”, вели Биф. Тој пред многу години го напуштил Тексас но се вратил во 1996 година кога починала мајка му и тогаш се решил да ја постави надгробната плоча со натписот Ник Биф.

Биф, инаку, нема никаква намера да биде таму погребан и сака да биде кремиран.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1