Специјалната состојка на Кока Кола е најстрого чувана тајна. Дали конечно протече во јавност? При подготовка на Кока-Колата се користат мускатно оревче, коријандер, ванила и цимет.
Во 1993 година, научникот и писател Марк Пендерграст ја објави историјата на компанијата Кока Кола во книгата “За Господ, Земјата и Кока Колата” и во неа ја објави тајната состојка. Тој налетал на книгата со тајната формула додека ја пребарувал архивата на Кока Кола во Џорџија, која првично ја поседувал д-р Џ. С. Пембертон (човекот кој го измислил пијалокот).
И додека лесно било да се дојде до состојките како што се коријандерот, сокот од лимета и лимонската киселина, проблем било да се дојде до цитрат кофеин. Но, постои уште нешто. Иако пијалакот се флашира ширум светот, сирупот се подготвува само во САД.
Кока Кола ја ангажираше и компанијата Стефан во Илиноис, која е единствена на која законски и е дозволено да увезува листови од кокаин во Америка. Фармацевската компанија од листовите извлекува кокаин кој се носи на понатамошна преработка, а листовите и се продаваат на Кока Кола.