Откриено 3000 год старо парче ќерамика – доказ дека библијата е автентична (Видео)


ophel-inscription-3000-years-old-king-david-solomon-israel-jerusalemМали фрагменти од древните садови кои биле пронајдени во Израел фрлаат нова светлина врз жителите од тоа подрачје од библиските времиња и можат да докажат дека кралот Соломон и кралот Давид, всушност постоеле.

Минатата година археолозите откриле Офелски натпис од 10 век п.н.е., а научниците ги заинтригирал чудниот јазик на остатоците од ќупот.

Меѓутоа, лидер на истражувањето  д-р Даглас Петровиќ верува дека јазикот е примитивна форма на хебрејскиот што укажува дека древните Израелците почнале да ја забележуваат историјата многу порано отколку што претходно се мислело.

 

article-0-1B194CF5000005DC-431_634x286Кога натписите беа откриени во декември 2012-та експертите веднаш претпоставија дека тоа е ханански јазик. На тој јазик говореле луѓето спомнати во Стариот Завет кои живееле на територијата на денешен Израел.

Меѓутоа, експертот за историјата на Блискиот Исток и библиски студии д-р Петровиќ вели дека тоа не е точно и дека мистериозниот јазик е всушност оригинална најстара форма на хебрејски јазик, што значи дека древните Израелците биле во Ерусалим, многу порано отколку што се мислеше.

article-0-1B194CFA000005DC-240_634x450-Луѓето кои зборуваат хебрејски јазик го контролирале Ерусалим во 10 век пред нашата ера, што според библиската хронологија е времето на Давид и Соломон – изјави тој за „Фокс њуз“.

Ако тврдење на Петровиќ е точно, тоа би можело да биде доказ за точноста на Стариот Завет, дека древните Израелци долго ја пишувале историја, а не отпосле запишувале преданија стари стотици години.

Исто така, тоа би значело дека Стариот завет има историска подлога од вистински настани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1