Откриено дувло на наркомани во општина Аердром


Расфрлани шприцеви, игли, пивски шишиња, остатоци од храна, отпушоци од цигари на сите страни… Оваа страшна слика се наоѓа во еден од подрумите во старите руски згради во скопската населба Аеродром. Жителите од овие станбени објекти, речиси и не знаат што се случува во текот на ноќта – кога сите спијат, јавува Тв Алфа

spricevi i igliДополнителен проблем е тоа што во близина се наоѓаат детски игралишта и нишалки, каде секојдневно има деца. Станарите исплашени не сакаат да зборуваат пред камерата, зашто имале закани по живот. Се жалат дека од објектот се шири лоша миризба бидејќи се користи и како јавен нужник. Велат дека освен собиралиште на зависници, руинираните подруми се и извор на заразни болести.
Инаку во Македонија на секои 18 часа има по еден нов корисник на дрога или по 500 годишно. Официјално бројот на зависници е меѓу 10.300 и 10.900, а според експертите, неофицијално тој број е до шест пати поголем.
Повеќе на – Алфа 
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1