Првпат досега, астрономите успеале да видат мрежа од врел гас која се смета дека ги поврзува сите ѕвезди и галаксии во универзумот.
Според научниците, материјата е во форма на огромна структура во форма на мрежа. Таа има и име – космичка мрежа. Знаци за оваа структура има во остатоците од радијацијата од Големата експлозија и во самата форма на универзумот. Галаксиите би биле расфрлени на сите страни во универзумот доколку не постоеше некоја мистериозна сила која ги подредува.
Истражувачите го откриле „центарот на универзумот“ преку брановите должини на радијацијата која се испуштала од топлиот гас, а за тоа го користеле телескопот „Кек“ на Хаваите.
Тие виделе облак од гас кој низ универзумот на пространост од 2 милиони светлосни години. Овој облак не бил хомоген, имало места каде имало повеќе и попразни простори. Облакот е огромен. Истражувачите виделе само еден дел од него кој бил осветлен од радијацијата на неговиот центар, а веројатно тој е многу поголем од видливото. Истражувањето дава одличен преглед на целосната структура на универзумот.
Fakulteti.mk