Откриено што му се случило на детето од Буково донесено во безсознание на КАРИЛ


„Нашето дете беше само без родител, кога дрвото долго 14 метри падна врз него. Не е вистина дека дрвото паднало врз шатор каде сме живееле“, за Канал 5 раскажува семејството на 12 годишно момче кое минатата недела беше повредено во близина на депонијата „Буково“.policijska-traka-policija-lenta

Несреќата ја раскажуваа чичкото и таткото на детето. Заедно биле на депонијата, детето заминало дома да јаде, по неколку минути слушнале луѓе како бараат помош. Браќата кога стигнале го виделе момчето под дрвата како лежи целото во крв.

„Не е вистина дека детето било најдено покрај патот. Ние лично го однесовме детето во блоница јас и татко му. Човекот сечел дрва и му рекол дека ќе му даде нешто пари за јадење, тогаш му паднало дрвото, раскажуваат сведоците кои таму беа“, раскажува Гани Бајрамовски, чичко на детето.

Од СВР Охрид поднесоа пријава до лицето вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата дека предизвикал општа опасност при сечење на буково дрво.

Детето се уште е на интензивна нега во Ургентниот центар Скопје.

Засега неговата состојба е критична состојба.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1