На територијата на Етиопија е пронајдена фосилизрана вилица на хуманоид, која, според научниците, целосно ќе ги промени учебниците по историја, бидејќи докажува оти луѓе постоеле барем половина милион години порано отколку што тоа досега се сметаше, објави лондонски „Индепендент“.
Весникот наведува дека научниците потврдиле оти вилицата му припаѓа на припадник на родот Homo и дека е стара 2,8 милиони години. Тоа значи дека оваа вилица е барем 400.000 години постара од најстариот досега откриен фосил на видот Homo genus.
Ова отрките ја пополнува големата празнина во историјата на човековиот развој од примитивниот „мајмунолик човек“ – Australopithecus afarensis, па до првиот познат „човек“ од видот Homo habilis.
– Вилицата ја намалува празнината во еволуцијата од аустралопитекусот до првите луѓе. Таа е одличен пример за транзициски фосил од клучниот период на човековата историја, изјави директорот на Институтот за потеклото на луѓето при Универзитетот во Аризона, Бил Кембел.
Вилициата е пронајдена на еден рид во египтескиот регион Афгар, каде и претходно се откривани фосилни остатоци на древни луѓе.
Научниците не можат со сигурност да утврдат на кој хуманоиден вид му припаѓа пронајдената вилица, но се сигурни дека се работи за припадник на родот Хомо, кој се карактериза со исправена положба на телото, способност за користење на алатки и релативно голем мозок.
Фосилни остатоци на припадници на родот Хомо постари од два милиони години се ретка појава. Најстариот досега откриен фосил на хуманод е стар 2,3 милиони години и му припаѓа на видот Homo habilis, кој му претходи на Homo erectus-от.
Научниците сметаат дека новооткриената вилица е доказ оти посотел заедничи предок на видот Homo habilis.