Отпад за коли во Дубаи – милиони вредни автомобили на богаташи кои киднале поради кризата Видео/Фото


Напуштени возила „мерцедес”, „ауди”, „јагуар” „Бе-Ем-Ве” на кои се насобира прашина – седат напуштени на отпадите за коли во Дубаи.

Според полицијата оставени се од богаташите кои поради строгите закони во земјата за фифнасиски малверзации побрзале да избегаат со стартот на кризата. Ги оставале своите скапи коли со се клучеви внатре насекаде низ градот. Најмногу на паркинзите на аеродромите и гаражите низ Дубаи.

Повеќе од 3.000 напуштени автомобили биле најдени само минатата година. Дел е продадено на полициски аукции, но поголем дел завршил на отпад.

За локалната полиција најголемо изненадувње било пронаоѓањето на Ферари Енцо и тоа лимитирана серија, вреден милион фунти.

Некогаш симбол на луксузниот живот на странците во Дубаи сега овие скапи миленичиња голтаат прашина на отпадите.


MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1