Отрови во храната: Еве кои сувомесни производи содржат најмногу адитиви


Најголемо количество на канцерогени адитиви E250 љубителите на месните преработки во организмот ќе внесат ако конзумираат салам од пилешки гради, паризер, зимска или чајна салама, покажа големото истражување за количеството на нитрити и нитрати во хрватските месни производи на кои работеле четвроица хрватски научници.

Најмалку адитиви се пронајдени во мортаделата.kasa kasierka prodavnica market

Истражувањето на производите од хрватските месни индустии од категориите кобасици, сувомесни и полутрајни сувомесни производи, мерените адитиви и конзерванси во нив, т.н нитрити и нитрати биле споредени со производите на странските производители. Заклучено е дека хрватските месни производи во најголема мерка содржат адитиви во границите на пропишаното, а од 448 собрани примероци, само во четири се забележани недозволени количинит-два пати нитрити и два пати нитрати.

-Нема причина за загриженост, вели за „Јутарњи лист“, Јелка Плеадин од Хрватскиот ветеринарен институт.

Сепак истражувањето е интересно бидејќи конзументите на кобасици и сувомесни производи сега имаа јасен водич за количината на додатоците кои се наоѓаат во нивните омилени производи, па од списокот на месни производи, ако сакаат може да одбираат од оние кои имаат помалку конзерванси.

Истражувачите заклучиле дека најголемо количество штетни нитрити се содржат во примероците на топлински обработените кобасици, саламата од пилешки гради, паризерот и посебната салама, а кога станува збопр за трајни кобасици тоа се зимската и сремската салама.

Од друга страна најмлаку забележани количини на E250 измерени се во мортаделата, но и во еден вид паштета за која не наведуваат од што е направена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1