„Отровни“ состојки во женските тампони


Француската ревија специјализирана за заштита на потрошувачите „60 милиони потрошувачи“ тврди дека во женските тампони има остатоци од “потенцијално токсични материи” – диоксини, глифосат и други пестициди и побара од француската владата да наметне построги контроли, јавува дописникот на МИА од Париз.tamponizeni

Постоењето на овие токсични материи го и ревијата на Националниот институт за широка потрошувачка (ИНЦ), “но откриените нивоа се ниски.”

Прашањето е во тоа што некои од овие супстанции се осомничени како ендокрини нарушувачи, а научниците не располагаат со доволно податоци за да се процени ризикот за жените, смета ревијата.

Присуството на потенцијално токсични остатоци се откриени во 5 од 11 женски заштити анализирани од 60 милиони потрошувачи. Списанието особено наведува дека тоа се пронајдени “траги на диоксин во тампони на два големи брендови”.

Покрај тоа, според списанието, „глифосат остатоци“ хемиска состојка која се користи во хербицидите, вклучувајќи го Роундоп, а при испитувањето се пронајдени и во заштитните влошки за женски гаќи кај бренд кој тврди дека бил био.

Со оглед на овие резултати, ИНЦ „ги известува франуските власти и бара воспоставување на специфичните прописи за женските заштитни влошки и тампони со наметнување на поголема транспарентност и построги контроли, како и обележување на составот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1