Отсега слободен влез во земјава: Не треба сертификат за вакцинација


Владата на денешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за поседување сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19, кокои и за негативни ПЦР и антиген тестови за сите домашни и странски државјани при влез во нашата држава.

За оваа одлука на својот фејсбук-профил информираше вицепремиерот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој додаде оти покрај оваа укината е и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од седум дена при влез во државата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница ја усвои препораката за укинување на обврската за поседување вакцинален сертификат, потврда за прележан ковид, негативен ПЦР-тест и антигенски тест за сите домашни и странски државјани кои влегуваат во земјава.

За оваа одлука од денешната владина седница на својот фејсбук-профил информираше вицепремиерот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој посочи оти е укината и мерката за домашна изолација на сопствен трошок во период од седум дена при влез во државата, без горенаведените документи.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1