Отцепување од ЕУ сакаат и Италија, Холандија, Франција и во Шведска


Одлуката на Британија да ја напушти ЕУ покрена домино ефект во неколку европски држави како Италија, Франција и Холандија каде десничарски партии и евроскептици веднаш излегоа со барања за референдуми и во нивните држави.

Италијанската опозициска Северна лига покренува кампања за собирање потписи за референдум како оној што беше одржан вчера во Британија, изјави денеска лидерот на таа партија и пратеник ов ЕП, Матео Салвини.ne vo eu

– Северната лига почнува со собирање потписи за предлог закон што би овозможил на Италијанците на референдум да изразат свое мислење за европските договори слично на референдум што беше одржан во Британија – изјави Салвини.

Претходно, за одржување референдум во својата држава предложи и лидерот на антиевропската Партија на слободата, Герт Вилдерс.

Тој нагласи дека ако биде избран за премиер на избори во март ќе повика на референдум.

– Сакаме повторно контрола над државата, сопствените граници и имиграциската политика. Холандија мора да добие шанса да се изјасни за членство во ЕУ – изјави Вилдерс.

Претседателката на француската ултрадесничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, ја поздрави одлуката на Британија да ја напушпти ЕУ и повика на одржување референдум и во Франција.

Данската Народна партија повика денеска на одржување референдум со прашање за членство во ЕУ, но данскиот премиер отфрли таква можност.

Во Шведска која од 1995 година е членка на ЕУ, антимигрантските Шведски Демократи објавија на својот Твитер – Сега чекаме Швегзит.

– Шведските демократи сега ќе засилат притисок врз владата. Нашата држава мора да ги обнови договорите со ЕУ – изјави Џими Акесон, лидер на партијата кои веќе долго време бараат референдум за тоа прашање. Шведската Левичарска партија предложи обнова на договорите со ЕУ, но нивниот лидер Јона Шостед рече дека прво би сакал да види какви односи ќе има Лондон со Унијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1